Од силните дождови во Кина загинаа 18 лица

Во силните дождови кои неделава ја зафатија Кина загинале 18 луѓе а четири се водат за исчезнати. Министерството за граѓански работи дека во невремето биле наврнати повеќе од 20 сантиметри дожд во последните 48 часа во некои градови, оставајќи илјадници без домови и десетици илјади раселени. Смртните случаи се предизвикани од паѓање на куќите и лизгање на земјиштето. Во провинцијата Хубеи во која се забележани најсилните врнежи бројот на загинатите е десет,а 664 000 се засегнати. Во соседната провинција Хунан од невремето се засегнати повеќе од 500 000 луѓе.