Воздушни напади против ИД во Ирак и Сирија

Американската војска денеска соопшти дека САД и коалициските сили нападнале цели на Исламска држава вчера со 16 воздушни напади во Ирак и шест во Сирија. Во еден напад во Ирак бил погоден контролниот пункт на Исламска држава и исто така бил уништен и магацин во близина на Ал Каим. Главниот удар силите го насочиле во близина на Мосул , а исто така имало воздушни напади и во близина на Баиџи, Фалуџа, Макмур, Рамади, Синџар и Тал Афар. Во Сирија коалициските сили бомбардирале цели во близина на Ал Хашка, Ал Раџа и Тел Абијад.