Напаѓачот на црквата во Чарлстон сакал да го нападне колеџот

Белецот кој е осомничен за убиство на девет црномурести луѓе во црква во Чарлстон, Јужна Каролина изгледа прво планирал да изврши напад во колеџ. Соседот на осомничениот Дилан Руф за американските медиуми изјавил дека за време на претходната ноќ во која Руф пиел, зборувал за напад на колеџот во Чарлстон. 22-годишниот сосед вели дека Руф можеби ги сменил плановите откако одлучил дека кампусот на колеџот е потешката цел поради пристапот. Нападот на историски вредната африканско-американска црква кој се случи на 17 месецов, следуваше по бранот протести низ САД поради убиството од страна на полицијата на невооружен црномурест маж.