Акција на МВР за откривање лица кои криумчареле мигранти во кумановско

МВР утрово започна сo спроведување нафиналната фаза од акцијатa за откривање лица кои се вклучени во криумчарење на илегални мигранти од Блискиот Исток и Северна Африка, потврди за МИА портпаролот на МВР Иво Котевски.Акцијата, додаде тој, сеуште трае и се спроведува на подрачјето на поширокиот регион во кумановско.

" Подолг период се работеше на откривање криминална група која организираше криумчарење на лица од Северена Африка и Блискиот Исток од границата со Грција низ Македонија кон северната граница, а потоа и кон земјите членки на ЕУ. Во текот на акцијата пресечен и еден нелегален транспорт на мигранти кои ги криумчарела истатагрупа во близина на кумановско Доброшане. Приведени се неколку лица, а мигрантите се згрижени. Со наредба на судот и јавниот обвинител извршен е претрес на неколку објекти на повеќе локации во кумановско и во еден пронајдена е поголема група "изјави Котевски.

Во акцијата досега се приведени и неколку лица кои криумчареле мигранти.