Времето денеска врнежливо

Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и ретки грмежи. Поинтензивни врнежи ќе има во вечерните и ноќните часови. Ќе дува слаб доумерен северен ветер. Утринската температура ќе се движи од девет до 14, а дневната од 22 до 30 степени. Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и услови за ретки грмежи. Поинтензивни врнежи се очекува во вечерните и ноќните часови. Утринската температура ќе достигне до 12, а дневната до 29 степени.