Зголемен бројот на терористички напади во светот

Борци на ИД.

Американскиот Стејт Департмент соопшти дека бројката на терористички напади во минатата година во светот се зголемила за една третина, а бројката на жртви за 81 процент. Годишниот извештај за тероризам на департментот укажува и на големиот прилив на странски борци во Сирија, кои често се регрутирани од милитантите преку социјалните мрежи. Ал Каеда, како што е наведено губи на интензитет како резултат на појавата на Исламската држава. Според извештајот, имало 13 463 терористички напади и над 32 700 жртви во 2014 година.