Словенечките власти го ослободија Харадинај

Рамуш Харадинај

Словенечките власти денеска му го вратиле пасошот на лидерот на Алијансата за иднина на Косово Рамуш Харадинај и се очекува тој да отпатува за Приштина, соопштија од неговата партија. Харадинај беше притворен на аеродромот во Љубљана по налог за апсење од Србија од 2004 година. Тој беше премиер на Косово од декември 2004 до март 2005 година.