Ал Каеда негира убиство на нивен лидер

Мохтар Белмохтар

Огранокот на Ал Каеда во Северна Африка негираше дека еден од нивните врвни команданти Мохтар Белмохтар бил неодамна убиен во Либија. Според Ал Каеда, тој е жив и здрав. Либиските власти претходно соопштија дека Белмохтар загинал во американски воздушен напад. Пентагон потврди дека тој бил целта на нападот, но не и дека бил убиен.