Сенатот на САД го усвои законот за одбрана

Американскиот Сенат и покрај забелешките од Претставничкиот дом на Конгресот, го усвои законот за одбранбена политика со кој за одбраната се издвојуваат 612 милијарди долари. Во законот се бара снабдување на Украина со оружје, се забранува натамошно затворање на американски воени бази и се отежнува затворањето на затворот во Гвантанамо на Куба. Претседателот Барак Обама се закани дека ќе стави вето на овој закон кој сега би требало усогласен со верзијата што мина во Претставничкиот дом.