На изборите во Данска победи опозицијата

Опозицискиот блок во Данска победи на вчерашните парламентарни избори со ветување дека ќе ја намали имиграцијата во земјата. Според неофицијалните резултати, опозицискиот блок предводен од Ларс Расмусен, а во кој е и Данската народна партија доби 90 места со што има мнозинство во парламентот. Владејачката левичарска коалиција го призна поразот.