Усвоени измените на законот за азил

Мигранти од Сирија со велосипеди во Велес.

Собранието на денешната седница ги донесе измените на Законот за азил и привремена заштита по скратена постапка. Со законот меѓу другото се предвидува регуларен престој на мигрант од 72 часа по што ќе мора да ја напушти земјава или да побара азил. За време на тие 72 часа мигрантите ќе може да користат и транспортни средства како возови и автобуси.