ОН-Најмногу барања за азил во Русија

ОН соопштија дека во Русија имало најголеми барања за азил во минатата година како резултат на борбите меѓу владините сили и проруските бунтовници во источна Украина. Според извештајот на УНХЦР, 271 200 Украинци аплицирале за добивање на статус на бегалци или привремен азил во Русија од почетокот на конфликтот во источна Украина.

За споредба податоците на УНХЦР од украинската служба за вонредни состојби покажуваат дека 823 илјади луѓе биле раселени во Украина до крајот на 2014 како резултат на конфликтот. Околу 19 илјади Украинци побарале азил во други 67 земји, најголем дел од нив во Германија, па Полска и Италија.