Белгија го замрзнала рускиот имот во земјата?

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков

Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков изјави дека на внимателен начин ги испитуваат околности за наводите дека белгиските власти ги замрзнале имотите во сопственост на Русија во земјата. Руски медиуми јавија дека белгиски извршители информирале дузина компании и невладини организации дека властите им го замрзнуваат имотот, како и долговите кои ги имаат кон Русија.

Според извршители, одлуката е донесена врз основа на барањето на судот од Хаг за доделување на 1,6 милијарди долари на поранешни акционери во сега руската нафтена компанија Јукос. Советникот на рускиот претседател, Андреи Белоусов изјави дека очекува слични мерки да преземат и други земји.