Еврозоната расправа за грчката должничка криза

Германскиот канцелар Ангела Меркел

Министрите за финансии на еврозоната се собраа во Луксембург каде ќе разговараат за грчката должничка криза. Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека се уште е уверена оти Атина, ЕУ и меѓународните кредитори може да постигнат договор. Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис изјави дека неговата земја има морална и политичка должност да постигне договор со кредиторите, но според него, средбата во Луксембург тешко дека ќе се донесе итно решение.