ЕУ се согласи да ги продолжи санкциите спрема Русија

Амбасадорите на Европската унија на состанокот во Брисел се согласиле за продолжување на економските санкции спрема Русија за уште шест месеци, односно до крајот на јануари идната година. Исто така е продолжена забраната за инвестиции на Крим за уште една година. Оваа согласност треба да биде одобрена од шефовите на дипломатиите на членките на Унијата на состанокот закажан за 22 јуни во Луксембург. Санкциите беа воведени во јули лани со важност од една година.