Конгресот на САД одби повлекување на силите од Ирак и Сирија

Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го отфрли барањето до крајот на годинава да биде наредено повлекување на американските сили кои се борат против милитантите на Исламската држава во Ирак и Сирија. Противниците на резолуцијата оценија дека таквиот потег би бил опасен, бидејќи со тоа се покажува дека Соединетите држави го напуштаат регионот со што ќе се зголемат шансите за натамошно зацврстување на Исламската држава.