Хан-Партиите да постигнат траен политички компромис

Еврокомесарот Јоханес Хан и вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими

Еврокомесарот Јоханес Хан денеска ги повика македонските политички партии да најдат траен политички компромис изграден на договорот што веќе го постигнаа на 2 јуни. Хан денеска во Брисел оствари средба со вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими со кој разговарал, како што е наведено во соопштението од неговиот кабинет, за актуелната политичка криза во земјата, со цел да се поддржи напредокот во дијалогот на политичките партии кои се вклучени во истиот.​Тие освен за политичката криза, според соопштението разговарале и за итните приоритети во реформите во земјата чие спроведување Европската Комисија ќе ги следи во наредните месеци.