Меџити-Националните интереси пред партиските

Заменик-претседателот на ДУИ, Изет Меџити

Заменик-претседателот на ДУИ, Изет Меџити изјави денеска дека објавувањето на приватните разговори, личните внатре партиски проценки, како и евентуална клевета не и помагаат на демократијата во Македонија и не се од јавен интерес, спротивно, „Вистината за Македонија" треба да е спроведувањето на договорот од 2 јуни и ставање на националните интереси пред партиските.

Според него, ДУИ прва побарала објавување на било какво прислушување за малверзации од функционерите на партијата и рекле оти никој нема да биде кривично гонет, ниту за прислушувањето ниту за објавувањето. Но, како што наведува Меџити тоа не подразбира намерно искривување на вистината за политички потреби и за креирање на омилено јавно мислење. На вчерашната прес- конференција лидерот на СДСМ, Зоран Заев објави прислушувани разговори на дел од раководството на ДУИ, вклучувајќи го и лидерот Али Ахмети.