Груевски во економска посета на Виена

Премиерот Никола Груевски.

Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски е во посета на Виена каде пред австриски бизнисмени од различни сектори ќе ги презентира поволностите за инвестирање во Македонија. Во составот на македонската делегација се и министерот за привлекување странски инвестиции Висар Фида и директорот на ТИРЗ Виктор Мизо.