Судири пред трговски центар во Астана

Казахстанските власти соопштија дека 18 луѓе биле притворени по судирите во близина на трговски центар во Астана. Според нив, до насилството дошло откако безбедносните лица од трговскиот центар не и дозволиле пристап во објектот на 30 годишна хендикепирана жена. Нема извештаи за повредени во судирите.