Русија против трка за вооружување со западот

Јури Ушаков

Кремљ соопшти дека Русија не сака да влезе во нова трка за вооружување со западот, бидејќи тоа ќе и штети на економијата на земјата. Советникот на претседателот, Јури Ушаков изјави дека се против такво нешто, бидејќи ги слабее економските капацитети на Русија. Тој го обвини НАТО дека се наближува до границите на Русија поради што властите се принудени да преземат мерки за да ги зачуваат нивните интереси и безбедност.