Бесими во Брисел на средби со претставници на ЕК

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими

Вицепремиерот за европски прашања Фатмир Бесими од денеска ќе престојува во дводневна посета на Брисел каде ќе оствари повеќе билатерални средби со претставници на Европската комисија. На средбите се очекува да се разговара за процесот на европската интеграција на Македонија и за актуелните ситуација во државата. Предвидено е вицепремиерот Бесими да оствари одвоени средби со комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување Јоханес Хан, генералниот директор на Директоратот за проширување Кристијан Даниелсон и со директорот за Западен Балкан во Генералниот директорат за европска соседска политика и преговори за проширување Жан Ерик Паке. Вицепремиерот Бесими ќе се сретне и со европратениците Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит.