Завојуваните страни во Јемен согласни за примирје

Завојуваните страни во Јемен на преговорите под медијаторство на Обединетите нации во Женева се согласуваат за потребата од примирје, но се уште расправаат околу деталите како тоа да биде спроведено, изјави претставник на Светската организација, додавајќи дека страните се уште одбивале да седнат на заедничка маса. Во Јемен избувна граѓанска војна откако Хути бунтовниците поддржани од Иран го освоија главниот град Сана во минатиот септември и го присилија претседателот Абд Рабу Мансур Хади да ја напушти земјата.