Почина поранешниот турски претседател Демирел

Сулејман Демирел

Поранешниот турски претседател Сулејман Демирел кој два пати со воен удар беше соборуван од власт, починал изутрината во болница во Анкара на 90 годишна возраст, јавија турските медиуми. Демирел во периодот од шеесеттите до деведесетите години од минатиот век седум пати беше премиер на Турција, а од 1993 до 2000 година и шеф на државата.