ОН-23 илјади бегалци од Сирија во Турција

ОН соопштија дека приближно 23 илјади бегалци избегале од борбите во северна Сирија и преминале во Турција во изминатите недели. Портпаролот на комесарот за бегалци на ОН, Вилијам Спиндлер во Женева изјави дека турските власти ги информирале оти поголемиот дел од бегалците кои ги напуштиле нивните домови дошле од граничниот град Тел Абиад. Градот до вчера беше под контрола на милитантите на Исламската држава пред повторно да биде освоен од Единицата за заштита на курдскиот народ со поддршка на воздушните напади од меѓународната коалиција.