Путин најави дополнително вооружување на војската

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека војската ќе набави повеќе од 40 нови интерконтинентални балистички проектили во оваа година кои се способни да ги пробијат сите одбранбени системи. Според него, тие се дел од програмата за модернизација на одбраната на земјата. Тој нагласи и дека ќе бидат набавени и неколку други видови на оружје, како тенкови и вооружени возила. Путин додаде и дека војската набрзо ќе го тестира новиот радар со долг отстрел за рано предупредување кој има за цел да ја набљудува западната стратешка зона.