Драги-Грција да го направи следниот чекор

Претседателот на Европската централна банка, Марио Драги.

Претседателот на Европската централна банка, Марио Драги изјави дека Грција треба да го направи следниот чекор и повика да биде постигнат одржлив и сеопфатен договор меѓу земјата и нејзините меѓународни кредитори. Тој пред Европскиот парламент во Брисел порача дека тоа мора да се случи многу брзо. Според него, сите учесници треба да направат особени напори, но топката е во полето на грчката влада.