Абади предупредува на странските борци во Ирак

Ирачкиот премиер Хаидер ал Абади

Ирачкиот премиер Хаидер ал Абади изјави дека околу 40 странски бомбаши самоубијци влегуваат во земјата секој месец и ги повика соседните земји од регионот да го спречат нивниот прилив. Самоубиствените борци се едни од најсмртоносните оружја на милитантите на Исламската држава кои имаат цел да ја пробијат ирачката одбрана и предизвикаат масовен број на цивилни жртви во прометни места. Според Абади, бројката на странски борци во Ирак сега е поголема од бројката на домашни милитанти.