Изедначена трката на изборите во Молдавија

Гласањето во Молдавија

Резултатите од локалните избори во Молдавија покажуваат оти гласовите се поделени меѓу проевропските и проруските политички партии. Изборната комисија соопшти дека по избројани 98,5 проценти од гласовите трката меѓу двете партии е изедначена. Во главниот град Кишињев, ниту актуелниот проевропски ориентиран градоначалник Дорин Чиртоаца, ниту прорускиот кандидат Зинаида Гречеани не освоија 50 проценти од гласовите потребни за победа на изборите. Втората рунда од гласањето ќе се одржи за две недели.