Дачиќ-Значајна стабилноста на Македонија

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска во рамките на средбата на земјите-членки на Централно европската иницијатива во Охрид изјави дека многу е важно да се задржи стабилноста во Македонија, а тоа е значајно и за целиот регион. Како актуелен претседавач на ОБСЕ, тој посочи дека по случувањата во Куманово два пати во Македонија го испратил претставникот за Западен Балкан кој разговарал со државниот врв и претставници на опозицијата.

Тој нагласи дека ги поддржуваат сите настојувања на ЕУ состојбата да се сведе во политички рамки. Во врска со мигрантите кои транзитираат преку Македонија и Србија Дачиќ смета дека ЕУ треба да разгледа механизми како нивните граници се така чуствителни и како поминуваат толкав број мигранти.