Нуклеарните сили ги намалуваат арсеналите

Меѓународниот институт за мировни истражувања со седиште во Стокхолм соопшти дека светските резерви на нуклеарни боеви глави се намалиле од 22.600 на 15.850 меѓу 2010 и 2015 година. Сепак, како што се додава, земјите кои имаат нуклеарно оружје продолжиле да ги модернизираат нивните арсенали. Во ова, според извештајот, предничат Соединетите држави и Русија.