Рохани ја брани својата нуклеарна политика

Иранскиот претседател Хасан Рохани ја брани својата нуклеарна политика пред гласачите и вети дека ќе постигне договор со кој ќе бидат укинати западните санкции против неговата земја. „Ќе збогатуваме и ураниум и економијата“, рече тој на собир по повод двегодишнината од неговата изборна победа. Тој рече дека неговата влада сака светла иднина и социјална благосостојба за Иранците, но сака и центрифуги. Иран и светските сили во април постигнаа рамковен договор за ограничување на иранската нуклеарна програма во замена за укинување на западните санкции. Договорот треба да биде финализиран до крајот на месецов. Рохани вчера рече дека постигнувањето на договорот може да биде одложено ако светски слики отворат нови прашања.