Пробиено американското и британско разузнавање

Поранешниот соработник на американските безбедносни служби Едвард Сноуден.

Русија и Кина откриле тајни информации содржани во документите што ги објави поранешниот соработник на американските безбедносни служби Едвард Сноуден, јавуваат британските медиуми. Сандеј тајмс и Би-Би-Си денеска објавија дека британски разузнавачи се преместени поради нивна заштита. Повикувајќи се на високи владини извори, британскиот весник објави дека шифрираните документи содржат „детали за тајните разузнавачки техники и информации со што може да бидат идентификувани американските и британски шпиони“. Висок владин извоз за Би-Би-Си, пак, рекол дека со тие информации Русија и Кина „знаат како работиме“ и тоа ја спречи Велика Британија да добива „витални информации“. Москва во 2013 година му додели азил на Сноуден.