Палестинец загина во Рамала

Архивска фотографија.

Еден 22-годишен Палестинец загина откако беше удрен од израелски армиски џип за време на судирите во близина на градот Рамала на Западниот Брег. Судирите избија утринава кога армијата почна рација за апсење осомничени милитанти.

Израелската војска соопшти дека џипот случајно удрил во Палестинецот, откако тој фрлил молотов коктел врз него.

Палестински претставници соопштија дека локалните жители гаѓале со камења по војниците. На 10 јуни друг Палестинец беше застрелан во бегалски камп на Западниот Брег.