Марш на „Беса“ од Чаир до мост „Гоце Делчев“

Неколку илјади граѓани, на повик на политичкото движење Беса, денеска маршираа од Паркот во скопски Чаир до мостот „Гоце Делчев“ во Скопје. Пред мостот има поставено бина на која најпрво една девојка ја испеа албанската химна, а сега се држат говори. Учесниците на протестот бараат оставки на владата. Организаторите велат дека се работи за сеалбански протест на кој „се бара оставка од владата на Груевски и Ахмети, расветлување на сите албански вистини во Македонија и нов договор во државата“. Демонстрантите носат албански знамиња, повремено скандираат „УЧК“ и „Али предавник“, а дур маршираа на разглас одеа абански патриотски песни.