Рохани: многу разлики во преговорите со Западот

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека разговорите со светските сили за нуклеарните активности на неговата земја би можела да се одложат доколку другите учесници во преговорите воведат нови прашања. Тој во телевизиско интервју рече дека нема да дозволи со разговорите да се загрозат иранските државни тајни.

Иран и западните светски сили кои учествуваат во преговорите имаат рок до 30 јуни да постигнат договор за иранската нуклеарна програма. Но разговорите, наводно, заглавиле на прашањето за пристапот на нуклеарните инспектори до воени бази и нуклеарни постројки. Рохани рече дека остануваат многу разлики околу деталите. Западните земји стравуваат дека Иран тајно развива нуклеарно оружје, а Техеран го отфрла тоа обвинување.