Борбите во Украина продолжуваат и покрај примирјето

Шестмина украински војници загинале, а 14 се ранети во источна Украина во изминатите 24 часа и покрај договорот за прекин на огнот потпишан во февруари. Портпаролот на украинската војска Андриј Лиско денеска изјави дека војниците загинале како резултат на активна борба и гранатирање од проруските сепаратисти, пренесува Интерфакс. Спорадичните борби во изминативе две недели му се закануваат на кревкото примирје. Завчера беа убиени седум луѓе, од кои петмина цивили. Повеќе од 35 луѓе загинаа минатата недела во размената на артилериски оган преку тампон зоната што двете страни ја утврдија со примирјето од февруари. Според ОН, досега во конфликтот загинале 6.400 луѓе, а повеќе од еден милион луѓе ги напуштиле домовите.