Нападнат конзулатот на Тунис во Либија

Припадници на милицијата Либиска зора.

Вооружена група го нападнала конзулатот на Тунис во главниот град на Либија, Триполи, при што киднапирала 10 членови на персоналот. Министерството за надворешни работи на Тунис соопшти дека се случил бесрамен напад на националниот суверенитет на земјата кој е флагрантно кршење на меѓународното право. Тунис е една од ретките земји која се уште имаа свои претставници во Либија. Земјата е под контрола на милицијата наречена Либиска зора која има национална влада спротивна на владата признаена од меѓународната заедница. Во Тунис минатиот месец беше уапсен Валид Калиб, кој е член на Либиската зора.