Путин-Русија е модерна, демократска и независна

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин упати пофалба до неговата земја за нејзината демократија, отвореност и независност на церемонијата за одбележување на „Денот на Русија“. Според него, во изминатите 25 години Русија направила успешен чекор кон демократија и пазарна економија додека се афирмирала како модерна, отворена и независна земја. Тој нагласи дека земјата ја зачувала својата суштина и духовна основа на државништво и додаде дека идеалите на патриотизам се длабоки и силни.