Хан-Загрижува слободата на медиумите на Балканот

Еврокомесарот Јоханес Хан

Еврокомесарот Јоханес Хан оцени денеска дека слободата на медиумите на Балканот е прашање што предизвикува голема загриженост и оти е неопходна итна акција. Според Хан, особено загрижуваат заканите од властите насочени кон независните медиуми. Тој најави дека врз властите во регионот ќе врши притисок за да се обезбеди напредок во слободата на медиумите.