ЕУ со стратегија за човековите права во централна Азија

ЕУ планира да ги зголеми напорите за решавање на сериозните предизвици поврзани со човековите права во централна Азија, според стратешкиот документ до кој дојде Радио Слободна Европа. Стратегијата била одобрена од министрите за надворешни работи на ЕУ на нивната средба во Луксембург на 22 јуни. Стратегијата е дополнување на документот од 2007 година во кој се зацртани генералните цели во неколку области за поранешните советски републики Казахстан, Киргистан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан.