Владата на Понта го преживеа гласањето

Романскиот премиер Виктор Понта.

Романскиот Парламент не изгласа недоверба на владата на премиерот Виктор Понта. Гласањето беше по барањето на опозицијата, поради обвинувањата против Понта за перење пари, корупција и конфликт на интерес. Гласањето на недоверба беше неуспешно откако 194 пратеници гласаа „за“, 13 гласаа „против“, а седум од гласовите беа неважечки.

Владејачката коалиција присуствуваше на седницата, но не учествуваше во тајното гласање. Понта пред гласањето изјави дека не ја обвинува опозицијата затоа што не е во состојба да ја собори владата и чека една друга власт или еден обвинител да го стори тоа наместо неа.