Премиерот на Молдавија поднесе оставка

Кирил Габуричи

Премиерот на Молдавија, Кирил Габуричи изјави дека се повлекува од функцијата по прашањата кои се покренаа во јавноста за неговата диплома од средното училиште и факултет. Тој нагласи дека прашањата за неговото образование станале инструмент на политички игри. Тој не сакаше да даде коментар за обвинувањата против него.

Габуричи, кој е проевропски бизнисмен ја презема функцијата во февруари. Тој на почетокот на неделава побара оставка од јавниот обвинител и шефот на народна банка кои не успеале да откријат каде исчезнале милијарда долари од молдавските банки.