Народниот правобранител за состојба со бегалците во Гази Баба

Иџет Мемети, Народен правобранител

Народниот правобранител Иџет Мемети за денеска најави прес конференција на која ќе ја презентира актуелната состојба во Прифатниот центар за странци во Гази Баба. Негова екипа вчера таму направила опсежна истрага по наводите дека странските мигранти се бунтувале и барале да бидат преместени во Центарот за азил во Визбегово. Во Центарот имало над двесте мигранти, а синоќа биле донесени уште 120 кои полицијата ги пронајде во Ваксинце.