Бан Ки Мун во посета на Киргистан

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки Мун кој е во посета на Киргистан заедно со премиерот Темир Сариев присуствуваше на церемонијата за комеморација на жртвите од етничките судири во градот Ош . Тие им одадоа почит на 400 жртви кои умреа за време на немирите во 2010 со едно минутно молчење и положија цвеќе на споменикот „Солзите на мајките“ .

По церемонијата Сариев изјави дека судирите се најтрагичниот настан што се случил во неговата земја од независноста. Бан ги повика жителите на Киргистан да го сочуваат мирот и меѓуетничката хармонија.