ММФ-Далеку сме од договор со Грција

Портпаролот на ММФ, Гери Рајс изјави денеска дека преговарачкиот тим на фондот по разговорите со Грција во Брисел се вратил во Вашингтон со оценка дека двете страни „се многу далеку од договор“. Според него, постојат големи разлики во најголемиот број клучни подрачја и не е постигнат напредок за нивно надминување. Тој нагласи дека остануваат ангажирани, но во моментов топката е во рацете на Грција.