ОН со критика за политичките затвореници во Белорусија

ОН предупредија на влошената ситуација на неколку политички затвореници во Белорусија пред одржувањето на претседателските избори во октомври. Специјалниот претставник за човекови права на ОН во Белорусија, Миклос Харази побара и итно и безусловно ослободување на сите оние кои се затворени поради тоа што ги остварувале нивните граѓански и политички права. Според него, властите ги затвораат критичко настроените политичари и наместо да даваат смирувачки сигнали во општеството и да создаваат средина во која ќе се одржат фер и демократски избори.