Ердоган-Да се формира Влада што побрзо

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги повика политичките лидери во земјата да го остават своето его настрана и да формираат Влада што побрзо. За време не неговото телевизиско обраќање Ердоган предупреди дека историјата ќе им суди на сите кои Турција ќе ја стават во политичка неизвесност.

Партијата на правдата и развојот на Ердоган го загуби апсулутното мнозинство на парламентарните избори за прв пат откако е на власт од 2002 година. Според него, сите страни мора да ги почитуваат резултатите од изборите, како и волјата на граѓаните.