Времето денеска: сончево со мала облачност

Во Македонија претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а дневната ќе достигне до 32 степена. Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе биде околу 15, а дневната ќе достигне до 31 степен.