Уапсени 17 луѓе по судирите во Турција

Турските локални власти соопштија дека се уапсени 17 лица кои учествуваа во вчерашните судири во градот Дијарбекир во југоисточниот дел на земјата во кои загинаа три лица. Судирите меѓу активистите на двете курдски партии, левичарската Демократска партија на народите и исламистичката Партија на слободната кауза започнаа по убиството на раководител на исламската хуманитарна организација.